Намалeната стапка на ДДВ во угостителството не важи за сите

Непријано изненадени се сопствениците на услужните дејности од сознанието дека за нив не важи  мерката за намалување на ДДВ во туризмот. Зачудени се бидејќи како што велат и тие припаѓаат во областа угостителството и туризмот.

 |  Валентина Нелоска  | 
restoran
ресторан

Ljubco PatceНепријано изненадени се сопствениците на услужните дејности од сознанието дека за нив не важи  мерката за намалување на ДДВ во туризмот. Зачудени се бидејќи како што велат и тие припаѓаат во областа угостителството и туризмот. Можеа да не известат и да ни кажат дека мерката нема да се однесува за рестораните и кафулињата, па да баравме некое чаре и за нас  вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев. Бараат од нас да ги намалиме цените на услугите, а намалувањето на ДДВ важи само за хотелите. Патчев зачудено прашува во кој кош од туризмот припаѓаат тие.

restoranДиректорот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот, Зоран Стрезоски нагласува дека владина  мерка намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 посто се однесува исклучиво за хотелските капацитети, а за останатите субјекти  понатака ќе се разгледаат и други мерки.

Со оваа долго очекувана и најавувана мерка како и онаа со субвенција за странски гости, Владата очекува Македонија како туристичка дестинација да биде поконкурентна и поприфатлива за странските туроператори. Поприфатливи цени за нив  ќе значи и повеќе гости на охридско-струшкиот брег.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top