Намален водостојот на Охридското Езеро за еден сантиметар

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

 |   | 

Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за седум сантиметри понизок од просекот за март. Пониско од просечното и тоа за 1,69 метри е и нивото на Преспанското Езеро, кое е на четири сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,81 метар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок е реката Струмица, на мерното место кај Сушево, каде водостојот е за еден сантиметар повисок од просечниот. (МИА)

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top