Охридските полицајци работно го одбележаа денот на Македонската полиција 7-ми мај. Во рамките на одбележувањето на празникот, во Регионалниот центар „Запад“, беше остварена средба со ученици од ОУ „Братство“ како и со децата од детската градинка „Јасна Ристеска“. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека исто така е остварена средба со претставници од сите институции кои соработуваат со полицијата. Димоски додаде дека интересот кај младите за оваа преофесија од година во година е се поголем.
Традиционално и оваа година беше изгран најдобриот полицаец. Оваа годинатоа е униформираниот полициски службеник од Охрид Владо Карадакоски. Тој истакна дека е задоволен што токму тој е добитник на ова признание, посебно кога конкуренцијата е толку голема. Карадакоски вели дека рецепт за успешна работа има. Тоа е посветеноста и љубовта кон професијата. Употребата на репресивните мерки треба да биде сведена на минимум, додава тој.
Оваа година од СВР Охрид ја потенцираа и одличната соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, за што признание му беше доделено на координаторот и пиротехничар Љубе Матески. Матески задоволен од соработката со колегите информира дека oткривањето на неексплодирани борбени средства и нивниот транспорт е доста опасна работа, како за тие што работат така и за тие што се среќаваат со оваа проблематика.
На овој ден во 1903 година, во предвечерието на Илинденското востание, за време на Смилевскиот конгрес се формирани селски стражи, кои служеле за обезбедување на самите делегати. Поради тоа 7-мај се слави како ден на Македонската полиција. На денешното одбележување на празникот присутен беше и најстариот полицаец од Охрид Фикри Вида. Вида (84) полициската должност ја обавувал од периодот 1951 до 1972 година, а добитник е на медал народен херој. Вида во пензија заминал по своја желба, со како што вели тој највисок чин во тоа време водник.
Централниот дел од одбележување на празникот е денеска во Скопје во кругот на МВР, со полагање цвеќе на споменикот на загинатите припадници на МВР, од страна на челните луѓе на МВР, претставници на здружението, на семејствата на загинатите бранители и на Македонскиот полициски синдикат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град