Југозападниот плански регион има идеални услови за производство на млечни и земјоделски производи. Идeјата на екологистите за производство на здрава органска храна, ја подржуваат и потпомогнуваат експертите. Центарот за развој на Југозападен плански регион досега има реализирано неколку проекти во кои ги вклучува 13 те општини преку кои ги обучуваат земјоделците и млекипроизводителите за производство на здрава органска храна, и тип на стандарди кои се потребни за производите да може да се извезуваат надвор од Македонија.
„ Посебно обративме внимание на нивното едуцирање и здружување, бидејќи онака мали како што се кај нас неможат да направат ништо. Треба или да се окрупнат или здружат. Намерата на проектов е да направиме мрежа на ниво на југозападниот плански регион, бидејќи заеднички можат да добијат повеќе доколку бараат редства преку ИПАРТ програмата да го осовременат производството но се и потенциујални реципиенти на сите средства“, вели директор на центарот за развој на Југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска.
Директорката Лозаноска истакнува дека покрај обуката за производителите во центарот изработена е и брошура за промовирање преку која производителите и производите ќе се промовираат.
Лозаноска додава дека центарот за развој на Југозападен плански регион со цел да им ја олесни работата на земјоделците ќе набави подвижни лабаратории за испитување на земјиштето.
„ Ќе набавиме 5 мобилни мабаратории лабаратории кои ќе им ги дадеме на подрчните единици за земјоделство во 5 те урбани општини и тие ќе бидат за користење на сите производители во рамки на тие микро региони бесплатно, но општините ќе треба да ги покриваат трошоците на тој начин што на тој што ќе ракува и што ќе ги одржува ќе треба да му плаќаат“, вели Лозаноска.
Инаку во Охрид одамна постојат земјоделци кои произведуваат здрава органска храна. Еден од нив е Ванчо Стојаноски од еколошкото друштво Грашница.
„Здравата храна треба да биде бренд на Охрид. Растенијата најдобро да се развиваат без уништување на природата во функција на производство на здрава храна“, вели Ванчо Стојаноски, производител на здрава храна.
Охридскиот регион е идеален за производство на градинарски производи поради исклучително добрата клима која ја има.
Со ова се сложува и проф. Стеван Бошњак, член на париската академија на уметностите. Професорот веќе неколку години контактира со поборниците за здрава храна и им дава упатства на кој нечин да продолжат со производството.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град