За најдобрите крводарители

Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на оптините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја поставува на високо рамниште.

 |  Лионела Јаковлева  | 
logo
лого

Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на оптините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја поставува на високо рамниште.

Потребите од крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствените установи во нашиот град бараат постојана ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година.
Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции, годината што измина беше особено успешна, рече Антонио Додевски, секретарот на охридскиот црвен крст

svecenostХуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв допринесе да бидат спасени многу човечки животи, рече Додески.Како гест на благодарност кон нив, а по повод Денот на крводарителството во Р. Македонија,  Црвен крст организира свеченост на која беа доделени признанија на заслужни крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top