Најнов „инвестиционен зафат“ на ЕВН?

Повторно проблем со отвореното разводно орманче во нас.„Гоце Делчев“.

 |  Голабовски Крсте  | 
ormance
орманче

Проблемот со заштитата на овој електричен објект, трае веќе неколку години иако жителите од оваа населба, информираат дека во неколку наврати реагирале до ЕВН Македонија, а исто така проблемот го актуелизирале во неколку наврати и преку медиумите.
ormanceОвој објект се наоѓа на само десетина метри од детското игралиште каде се рекреираат најмладите жители од оваа населба. Треба ли да се случи некој сериозен инцидент за да од ЕВН конечно сфатат колкава е опасноста во овој случај или реакциите на јавноста конечно ќе допрат до нив?

Во соопштенијата кои ги испраќа ЕВН Македонија, а со кои ги информира граѓаните зошто обично се случуваат прекините со снабдување со електрична енергија, често пати стои дека причината е : „реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.“

Па да се надеваме дека од ЕВН ќе поработат на „подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците И во овој регион“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top