Најмладите атлетичари на дело!

Неделата на атлетитката ја започнаа најмладите атлетичари од нашиов град.

 |  Крсте Голабовски  | 
atletika
атлетика

На спортско рекреативниот центар „Биљанини извори“ денес се одржа општинското првенство во атлетика. Најдобрите осум млади атлетичари од ова првенство ќе можат да учествуваат и на големиот атлетски митинг „Охрид 2010“.

Убав начин како да се засака атлетиката од мали нозе. На новата тартан патека на СРЦ „Биљанини извори“ стотина атлетичари од основните училишта од Охрид и Дебрца учествуваа на општинското првенство во атлетика. Радоста и желбата присутна кај младите атлетичари.

На првенството учество зедоа околу стотина дечиња од сите основни училишта од градов и од општина Дебрца. Се натрпреваруваа во  пет дисциплини во машка и женска конкуренција. 60 метри, 300 метри, скок во далечина и фрлање ѓуле, како и штафета 4 Х 100 метри. А според денешните покажани резултати, таленти за атлетика има, вели Гоце Тасески од Сојузот за училишен спорт.

Тасески додава дека во наставната програма во училиштата атлетиката е застапена со 20 часа. Станува збор за индивидуален спорт кој бара многу вложувања, но и дава назад. Услови во Охрид за негов развој има. Организатор на првенството е Сојузот за училишен спорт, а овој настан претставува своевиден тест пред Светскиот ден на атлетиката каде најмладите атлетичари ќе можат да се запознаат со вистинските ѕвезди од овој спорт. Најдобрите пак осум млади атлетичари од ова првенство од дисциплината трчање на 60 и 300 метри и за мажи и жени, ќе можат да учествуваат и на големиот атлетски митинг „Охрид 2010“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top