Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.32 % има во секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.20 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.16 %.
Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.17 %.
Најголем број на слободни работни места, односно 2 550, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град