Најдоцна до утре ќе се прогласи кризната состојба

Премиерот Зоран Заев по денешниот состанок на Советот за безбедност во вилата на Воднo, истакна дека уште вечерва, а најдоцна до утре, ќе се помине процедурата за прогласување на кризна состојба во траење на 30 дена.

 |   | 

Премиерот Зоран Заев по денешниот состанок на Советот за безбедност во вилата на Воднo, истакна дека уште вечерва, а најдоцна до утре, ќе се помине процедурата за прогласување на кризна состојба во траење на 30 дена.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во денешното обраќање, по седницата со Советот за безбедност, истакна дека после исцрпна дискусија во која учествувале сите присутни, донесен е заклучок со кој Советот за безбедност и преглага на Владата прогласување на кризна состојба на територија на целата земја во времетраење од 30 дена.

Во моментов ние имаме прогласено кризна состојба на северната и јужната граница во врска со илегалните преминувања на мигранти и бегалци и во тие подрачја војската и полицијата работат заедно. Сега таквата соработка, откако ќе биде декларирана кризна состојба, ќе биде овозможена буквално на целата територија на земјата“, посочи Стево Пендаровски.

Тој вели дека и во моментов Армијата е активно вклучена во давањето поддршка и на полицијата и на здравствените институции во лимитиран обем, потпирајќи се само врз правниот основ кој доаѓа од законот за служба во армијата.

Но, откако ќе биде прогласена кризна состојба тогаш Законот за одбрана и Законот за управување со кризи посебно даваат многу пошироки можности за поддршка на надлежните институции, пред се здравствените од страна на армијата“, додава Пендаровски.

Тој изјави дека втората важна разлика е во законската можност Владата да управува со ресурсите на органите на државната управа и на јавните претпријатија на општините и Градот Скопје.

Но, тука вклучувајќи и трговските друштва, во овој случај, и приватните здравствени установи. Тука не станува збор за национализација на приватните болници туку за управување со нив во битката против пандемијата на коронавирусот таму кадешто Владата ќе процени дека треба“, вели Пендаровски.

Ова е прв пат во Македонија да биде прогласена кризна состојба на цела територија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top