Најдоцна до среда повторно ќе бидат функционални рампите кај поштата

Оштетени рампите во центарот на Охрид, кај поштата.

 |   | 

Утрово во 2 часот и 30 минути автомобил рено меган со голема брзина удрил во излезниот терминал на рампите кај поштата. Терминалот и рампите се целосно уништени, информираат од ЈП Билјанини извори. Поправката ќе биде завршена најдоцна до среда  и граѓаните непречено ќе може да ги користат рампите. Дотогаш влезот и излезот ќе го контролираат вработените на паркинзите,  објаснуваат од  јавното претпријатие.  Причините за сообраќајната незгода ќе ги утврдува полицијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top