Најдобрите извидници ги покажаа своите знаења и вештини. Во периодот од 08 до 11.10. 2011, Сојузот на извидници на Македонија во Охрид, го одржа својот седумнаесетти Републички извиднички ориентационен натпревар (Р.И.О.Н.).Победници беа сите, но најдобри се само неколку. Тие задоволството од признанието за постигнатите вештини и знаења, тешко можеа да го сокријат.
„Во генерален пласман го освоивме првото место, и ова ни е трета година како го оссвојуваме пехарот, и се надевам дека и наредните години ќе го освојуваме, за да остане засекогаш во нашиот одред, изјави најдобрата во женска конкуренција, Теодора Ангелевска.
„Најтешко беше, беа временските услови, зошто имаше ветер и дожд, првиот ден и тоа е, сепак за другото бевме подготовени“ кажа најдобриот во машка конкуренција, Дејкоски Стефан.
Оваа година имавме претставници од шест извиднички одреди, а квалитетот на натпреварите беше доста висок, вели Горан Ѓорѓиев Генерален секретар на Сојузот на извидници на Македонија.
„Овој натпревар опфаќа повеке сегменти од ориентацијата, пронаоѓање контролни точки во природа, бази кои се поставени претходно од нас од комисијата, и кои тие по топографски карти треба да ги пронајдат во природа. Повеќе беа поставени во селата кои се во подножјето на Галичица, како и прекрасните манастири во близина на Охрид“ објаснува Ѓеорѓиев.
На овогодинешниот републички ориентационен натпревар се среќаваат најискусните екипи, со цел да го покажат своето знаење во ориентација и извидништво, подигање на логор, морзеова азбука и др. Во женска конкуренција, првото место го освои Теодора Ангелевска од ИО „Методи Метовски – Брицо“, додека кај машките најдобар беше Дејкоски Стефан ИО „Скаут“ Куманово.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град