Најдобрите холандски туроператори пристигнаа во Охрид

Предводени од главниот извршен директор на холандскиот тур-оператор ТУИ, Стефан ван дер Хајден, во наредните неколку дена ќе имаат можност да се запознаат убавините на Македонија, се со цел да се продлабочи соработката и да се зголеми бројот на холандски туристи во Македонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
tur operatori
тур оператори

Утрово на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пристигнаа стотина високи претставници од туристичиот сектор во Холандија. Стефан ван вер Хајден, извршниот директор на холандскиот тур-оператор „ТUI“, рече дека дека оваа посета ќе биде еден обид повторно да се откријат убавините и можностите кои ги нуди Македонија, земја која за нив сеуште е релативно непозната. Тој додаде дека ако може да се суди според тоа како е организирани и промовирано патувањето, дека ги очекува посебно доживување.

tur operatori„Овој прв дочек овде влева голема надеж, мислам дека не верувам дека некаде сме пиеле алкохол во единаесет часот наутро, и тоа на само дваесеттина чекори од авионот.Ако ова е Македонија, веќе се вљубив во неа!“, истакна Хајден.

Жак Рајнес, задолжен за продажба на Македонија како една од дестинациите кои туроператорот „ТУИ“ ги нуди на пазарот информира дека оваа година продажбата оди многу добро, бележејќи пораст од околу 40. Рајнес обајсни дека покрај Охрид интересни дестинации кои добро се продаваат се и Берово или Демиркапија ,за кои холанѓаните се подготвени да патуваат и по неколку часа со автомобил за да ги откријат. Причина за ваквиот тренд е секако македонското гостопримство, објаснува Рајнес.

tur operatori„Сигурно многу често комуницираме со нашите муштерии, ги сумираме нивните искуства и најчесто позитивни се коментарите, да не кажам скоро секогаш се позитивни коментарите, не се работи за сместувачките капацитети, туку станува збор за односот на луѓето спрема нив, како тие се дружат со локалните луѓе овде. Бетонски зданија можете да сретнете насекаде низ светот, не се работи за хотелот, можете да одите во Грција,Шпанија,Турција, овде не се работи за хардверот, туку за софтверот, овде среќаваме некои работи кои ги нема во другите земји“, потенцира Рајнес.

Васко Коциорв,  сопственикот на „Каратанова Турс“ истакна дека
оваа година во шпицот на сезоната може да се случи да има 8-9 чартери со туристи од земјите од Бенелукс, што е убаво за Македонија како дестинација независно дали ги носи „Корендон“ или „Туи“. Коциров се надева дека оваа година бројот на туристи ќе се зголеми ке се зголеми и ќе надмине 25.000,  регистрирани туристи кои доаѓаат со организирани аранжмани.

tur operatori„Се ствара многу убав балкански производ кој се почесто се промовира низ повеќе балкански земји, нашите соседски земји, ние заедно со „Туи“ ја продаваме Македонија, Албанија, и Турција, што е успешно продаден производ со нашиот партнер во Тирана со кои соработуваме и правиме дополнителни патувања, во Црна Гора има кружни тури кои ги носиме преку Косово и Македонија, така да Македонија не треба да ја гледаме како сама, како едно јаболко на пазарот туку како кошница со разни овоштија“ рече Коциров.

Само за информација во 2010 година Македонија ја посетиле вкупно 6.612 холандски туристи, додека во 2011 година оваа бројка се искачи на 22.219, а пак минатата година на 27.121. Оваа бројка бележи нагорен тренд и во текот на оваа летна сезона преку тур-операторите се очекува да пристигнат нешто помалку од 30.000 холандски туристи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top