Македонија ќе биде домаќин на петтиот состанок на Широкопојасната комисија за дигитален развој (Broadband Commission for digital development) кој ќе се одржи идната година во Охрид на 26.март.
На овој состанок гостин на Охрид ќе биде најбогатиот човек во светот Карлос Слим Хелу, кој “тежи” повеќе од 74 милијарди долари.
Заедно со Мексиканецот Хелу ќе дојдат уште 60 членови на Комисијата. Се работи за членови кои се главни извршни директори на на меѓународни компании (Гугл, Интел, Алкател-Луцент, Ериксон, Циско, Мајкрософт, Телефоника…)
Иницијативата е поведена од страна на Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација, кој е претставник и владин член на Широкопојасната комисија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град