Најбогатиот човек на светот, мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим, кон крајот на месецов ќе присуствува на ИТ конференција во Охрид.
Карлос Слим, кој според најновата листа на „Форбс“ е најбогат човек на светот со 69 милијарди долари ќе учествува на ИТ конференција во Охрид која ќе се одржи од 31-ви март до 2-ри април.
Карлос Слим, кој своето богатство го стекна во секторот на телекомуникациите, сега работи и во областа на трговијата, финансиите, суровините и енергетиката.
Минатата година стана сопственик на акции во синџирот продавници „Сакс“ и издавачката куќа „Њујорк тајмс“.
Освен Слим, во Македонија доаѓаат и првите луѓе на телекомуникациските гиганти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град