• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Најавите за изградба на туристичка развојна зона кај Градиште ги револтираа мештаните

Најавите за изградба на туристичка развојна зона кај Градиште ги револтираа мештаните

Граѓаните кои повеќе од една деценија водат спор со државата за враќање на нивните имоти во Градиште сметаат дека не смее никакви зафати да се планираат во Градиште се додека не се решат имотно-правните односи на спорните имоти.

 |  Мишел Наумоски  | 
gradiste

Најавите за изградба на хотелски капацитети на атрактивната локација кај авто кампот „Градиште“ предизвика револт кај жителите од Пештани кои 15 години водат спор со државата за враќање на нивните имоти во Градиште. Хотелите на пет ката кои Министерството за транспорт и врски ги предвидело на површина од над 57 илјади метри квадратни, се дел од планираната туристичка развојна зона за која министерството веќе го објави и нацрт-извештај за стратегиска оценка врз животната средина за урбанистичко планската документација. Пештанци, преку здружението на граѓани „Градиште“ велат дека ќе се борат до крај за да си ги добијат имотите наследени од нивните предци и дека законот е на нивна страна. Ѓоре Танески, претставник на ова здружение, но и самиот дел од граѓаните кои водат спор за наследените имоти, вели дека се додека има нерешени имотно правни односи не треба да се планираат никакви градби и проекти на тој потег.

gradiste turisticka zona„Тие кажуваат дека ќе прават хотелски комплекси, истото да не се случи што се случи со имотите во комплексот во св.Наум со Субрата Рој, ова е меркано место за некој втори Субрата Рој изгледа. Така да овие наши имоти што сега ги бараме, од нашите дедовци, прадедовци, се по втор пат, трет пат одземани, за сега да чекаме ние да ни ги вратат, истите се печалени со пари, биле во странство за да го купат тоа земјиште. Од тука е егзистенцијата на мештаните, ја гледаат во авто-кампот Градиште, ние сме спремни ние да стопанисуваме, нема да го рушиме кампот, ќе одиме понапред, тука е нашата егзистенција.“-вели Ѓоре Танески, претседател на Здружението на граѓани „Грашница“.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески пак вели дека не е информиран за најавите на Министерството за транспорт и врски за изградба на туристичка развојна зона кај Градиште.

turisticka razvojna zona„Да бидам искрен не сум запознаен со таквите активности на Министерството за транспорт и врски. Она што ние претходно го договаравме како идеја беше да Градиште се стави во функција на зимско-летниот туристичкиот центар кој би се градел на Галичица, односно скијачкиот центар на Галичица во кој би се ставиле на располагање на идните инвеститори и капацитетите на Градиште како развоен туристички центар.“-вели Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески вели дека според информациите кои тој ги има за имотите кај Градиште е дека истите се во најголема мера државна сопственост, но не и дека стотина фамилии водат спор со државата за добивање на право на сопственост на нивните наследени имоти кај Градиште.

„Во тој момент, зборувам тогаш кога ги развивавме плановите, и ги разработувавме идеите за градба на скијачки центар на Галичица, во кој што беше инкорпорирана и можноста за ставање на капацитетите на Градиште во функција на развој на еден туристички центар, зимско-летен, јас колку што знам, тогаш најголем дел од имотот на Градиште е сопственост на Република Македонија, најголем дел од имотот. Еден дел, помал дел на МПЦ, а најголем дел е сопственост на Република Македонија. Јас навистина за овие нови моменти не сум запознаен.“-рече Бакрачески.

imoti gradisteПретседателот на здружението на граѓани „Градиште“, Ѓоре Танески пак тврди нешто сосема друго.

„Тој се води на Република Македонија, додека 115 семејства водат постапки, управни постапки до Управен суд за враќање на имототите со процес на денационализација. Слушнавме некоја изјава од градоначалникот на општина Охрид од локалната самоуправа. Му дале некои информации ама неточни информации, истиот тој е запознаен во 2013та година со допис од министерот за транспорт и врски дека не треба да се чепка на потегот од авто-кампот „Градиште“ бидејќи се водат постапки за враќање на имотите на поранешни сопственици односно наследници на тие поранешни сопственици.“-изјави Танески.

Танески го повика премиерот на државата Никола Груевски да го доврши процесот на враќање на имотите на 115 семејства во Градиште согласно законот за денационализација, доколку тоа не се направи, предупреди дека ќе бидат приморани на порадикални мерки и протести. Инаку според Нацрт-извештајот за стратегиска оценка врз животната средина за урбанистичко-планска документација, објавен на 26-ти овој месец на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски, вкупната површина на целата градежна парцела предвидена за изградба на Туристичката развојна зона изнесува 114.156,35 метри квадратни.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top