• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Најавеното зголемување на температурите не е закана за предвремено потерување на овошките

Најавеното зголемување на температурите не е закана за предвремено потерување на овошките

Зголемувањето на утринските и на дневните температури кое се прогнозира за оваа недела, од -2 до 5 и од 3 до 15 степени, не претставува закана за предвремено потерување на овошките.

 |   | 

Зголемувањето на утринските и на дневните температури кое се прогнозира за оваа недела, од -2 до 5 и од 3 до 15 степени, не претставува закана за предвремено потерување на овошките.

Според агрометеоролозите, ваквите временски услови сеуште им годат на земјоделските култури во услови на презимување.

Останува и препораката, доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците да почнат или да продолжат со кроење на виновата лоза и овошките зошто операцијата е обемна, а битно е да се заврши навреме.

Снежната покривка на планините влева надеж за полнење на акумулациите кои се на многу ниско ниво, но ваквата снежна покривка сеуште не е доволна – оценуваат агрометеоролозите.

 

 

 

Извор/МИА

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top