• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Најавените археолошки истражувања во „Љубанишко поле“ нема да значат одлагање на проектот на Субрата

Најавените археолошки истражувања во „Љубанишко поле“ нема да значат одлагање на проектот на Субрата

Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид ќе врши археолошки истражувања на двата евидентирани локалитети во Љубанишко Поле. Од Локалната самоуправа од Охрид, не веруваат дека активностите би значеле одлагање на реализација на планираниот проект на Субрата Рој во Љубаништа.

 |  Голабовски Крсте  | 
ljubanishta
љубаништа

Наскоро треба да започнат археолошки истражувања во „Љубанишко поле“. Од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, моментално работат на чистење и обележување на теренот. Директорот на Завод и Музеј Тања Паскали – Бунташеска не информира дека сеуште се чека од Министерството за култура да одобрат средста а дури потоа да се обезбеди дозвола од Заводот за заштита на спомениците на културата за археолошки истражувања. Бунташеска додава дека за да се направат заштитно конзерваторски основи, неопходно е двата евидентирани локалитети Раица Манастириште и црквата Света Богородица да се ископаат за да се утврдат границите. По евидентирање на тие градби може да се започне со урбанизација на просторот и со градба. Моментално, се кастрат нискостеблести растенија и се обележува просторот, но нема никакви конкретни активности, потенцира директорката Бунташеска.

proektОд Локалната самоуправа од Охрид, не веруваат дека активностите би значеле одлагање на реализација на планираниот проект на Субрата Рој во Љубаништа.

„Она што можам да ви го кажам е дека состаноците на координативната група формирана во Владата на Република Македонија, континуирано ги разгледува сите аспекти околу инвестицијата на Субрата Рој. Оној одговор со кој ние респолагаме како Локална самоуправа е дека ќе врши Завод и Музеј определени истражувања, но во моментов немам податок дека тоа би значело одлагање на реализаицја на проектот. Јас мислам дека тоа не би довело до одлагање на проектот, односно истиот се одвива согласно предвидената динамика“ вели секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.
 
Инаку на овие простори планирана е изградба на огромниот туристички комплекс, „Сахараја Македонија“, кој според зборовите на градоначалникотна Охрид, Никола Бакрачески „доколку се оди во најдобар ред, би требало да биде завршен до 2020 година“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top