Награда по пошта

Годинава добитниците на Светиклиментовата награда задоволни ги понесоа наградите, но минатогодишните добитници сеуште останаа со празни раце.

 |  Билјана Николовска  | 
nagradeni
наградени

NagradiГодинава највисокото општинско признание Светиклиментовата награда и плакета беа врачени на Свечената академија која се одржа на 8ми декември по повод патронот на градот Св. Климент Охридски. Но сеуште остана неврачена минатогодишната награда од овој карактер, која требаше да се падне во рацете на пратеникот Цветко Грозданов, професорката Милена Главинчева, и архитектот Димитар Зарчев. Нормално е да се наметне прашањето во охридската јавност кога ќе минатогодишните добитници на Светиклиментовата награда и плакета ќе си ја добијат наградата. Претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија, Виолета Мицкоска, се најде сосема затеченана од нашето инсистирање да разбереме кој треба да одлучи како ќе се врачи минатогодишното највисоко општинско признание. Таа рече дека одлуката е недоречена и за поцелосна информација да се обратиме кај градоначалникот Петрески или кај претседателот на Советот Душко Јаковчески. Градоначалникот нема дилема за тоа кој одлучува и на каков начин. Тој во емисија на ТВМ веќе го кажа ставот по ова прашање. Петрески дециден дека тој учествува во сите Комисии на општина Охрид, но нема ингеренции на делување во нивните одлуки и гласања.
Претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески, вели дека минатогодишната одлука на Комисијата за доделување на награди е конечна, но не ги предвиделе околностите доколку истата не се одржи, како што тоа беше случај минатата година, па според тоа има недоречености во одлуката
Јаковчески признава дека одлуката за востановување и доделување на награди и признанија која што е доненсена на 26.10.2006 година од страна на тогашниот состав на советот на општина Охрид, им отворила големи проблеми и веќе размислувле таа одлука да претрпи измена.
Претседателот на Советот уште еднаш кажа дека улогата на Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија, е само да ги додели наградите односно да направи избор на апликантите, а по се изгледа без амин на градоначалникот Петрески не бива работата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top