Летната пливачката школа „Делфина 2012“, бележи добар успех. На крајот од сезоната професорката Соња Думбалова Делова ги сумира резултатите. Таа заедно со својот тим научи 320 дечиња да пливаат. И не само тоа, годинава Думбалова Делова го понесе и највисокото признание на Охридскиот маратон, наградата Климе Савин.
Не смее да згасне пливањето во Охрид, колевката на познатите охридски маратонци. Кон тоа тежнее проф Соња Думбалова Делова. Доколку летово го посетивте базенот Атина Бојаџи, неизбежна ќе ви беше средбата со неа и бројната група на деца, кои беа желни да научат да пливаат. Сега на самиот крај од сезоната Думбалова ги сумира резултатите од летната пливачка школа „Делфина 2012“, односно како што и самата кажа, горда што 320 деца ги научи да пливаат.
„Многу успешно со многу голема бројка на посетеност, децата научија да пливаат и сите се способни да оливаат во големиот базен. Тоа ни е императив за понатака во иднина да продолжиме со затворен пливачки базен кој што го очекуваме.
Проф Соња Думбалова Делова годинава се стекна со највисокото признание на охридскиот маратон, наградата за животно дело, Климе Савин.
„Па јас бев многу изненадена, значи да се додели една таква награда за животно дело мене многу ми значи тоа е еден поттик за мене во иднина ако имаме целогодишен континуитет сигурно до крајот на мојот работен век би направила пливач маратонец со кој што ќе се гордее на градот. Охрид беше колевка на многу маратонци кој што ја понесоа славата во целиот свет и препознатлив е охридскиот маратон по неколку имиња“.
Ентузијазмот кај Думбалова како и нејзината преголема страст кон пливањето, не згаснува. Таа верува дека градските власти ќе го одржат своето ветување Охрид да добие покриен базен, со што во списокот на познатите маратонци како Леко Радиќ, Климе Савин, Дики Бојаџи, Атина Бојаџи, Ристе Савин, Јонче Настески и други ќе се запишат и нови имиња.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град