Дојде да ја прими наградата, а незнае ништо за Македонија

Режисерот Жак Доајон ја отвори душата пред новинарите.

 |  Маленкова Татјана  | 
francuski filmski festival
француски Филмски фестивал

Делата на режисерот  Жак Доајон, повеќе шепотат отколку што викаат, а во одредени филмови има и насилство врз чувствата. Вака накратко човекот кој го прави изборот на филмовите за Францускиот Филмски фестивал Ив Алион го  опиша творечкиот опус на  режисерот и почесниот  гостин на фестивалот  Жак Доајон.

Режисерот пак со задоволство раскажа за снимањето на филмот Никаквица, филм кој го снимал пред 1 век. reziser dajon Кажа дека во тоа време многу полесно се снимале филмови и дека не се секогаш парите главни виновници доколку некој филм не е добро прифатен. Пример за ова е токму филмот Никаквица, за кого потрошиле 200 000 евра. Ни фалеа многу работи за време на снимањето на филмот , но сепак го направивме и е доста успешен“, истакна Доајон.

„Ако ја погледнате мојата кинематографија ќе видите дека јас успеав да направм 30 тина филмови почнувајќи уште од пред еден век. За младите тука посебно мислам за моите колеги од долна Нормандија се потешко и потешко оди. Вие тука во таа насока имате филмографи, творци кои застануваат на 3, 5 филма. Значи станува се покомплицирано. Значи треба да бидете и да настојувате да бидете што поитар за да го снимите тоа што сакате да го снимите а да не ве стигне тоа што се нарекува недостаток на пари. Јас снимив 30 тина филмови а можеби да успеев до крај ќе стигнев до 35, 40 но се станува се покомплексно“, вели режисерот Жак Доајон.

Доајон на кого оваа година ќе му биде доделена наградата за животно дело, потполно се сложи со новинарите дека во последно време режисерите и сценаритите прават повеќе филмови за забава отколку уметнички.
„Неможе да се одбегне фактот дека кинематографијата спаѓа во одредена забава, но тоа не значи дека можете да снимате филмови помалку различни. Незначи дека филм направен за забава неможе да биде голем филм нити пак дека филмови кои не се за забава мора да бидат добри“, додаде Доајон.

„Мене лично секогаш неподнослива ми изгледала идејата да правам филмови за забава. Едноставно сум се трудел да направам друга. Инаку повеќето други филмски работници обично неодминливо го прават она што ќе им се понуди односно се дел од таа индустрија на забава“, вели Доајон.

Доајон посебно се осврна на финансиските проблеми кои ја тресат и оваа индустрија.  Тој потенцираше дека plakata francuski Filmski festival премногу е забележливо дека има група на кинематографи кои постојано се во Кан каде наоѓаат пари, но за жал оваа група во изминативе години нема направено еволуција во својата уметност.
Доајон признава дека постојат механизми од каде може да се обезбедат пари за филм, пример Француската влада дала позајмица за неколку негови филмови, а  парите биле вратени од фит бекот на филмот.  

Изненедува фактот што Доајон воопшто не беше запознаен со земјата каде што доаѓа. Тој бес ни малку дипломатски одговор  призна дека нити знае нити чул за македонски филм ни режисер.  

Покрај со  Жак Доајон новинарите денеска имаа можност да се сретнат и со  Жан-Ив Лавоар, директор на Францускиот Институт во Скопје, Макс Азуле, копретседател на фестивалот, Ева Јонеско, актерка и режисерка и со актерите Абрахам Белага и Елоди Навар.
Францускиот филмски фестивал беше отворен пред три дена со проекција на филмот „Збогување со кралицата “ во режија на Беноа Жако. Во шестте фестивалски вечери ќе бидат прикажани вкупно 9 долгометражни и 12 краткометражни остварувања на француската кинематографија. Фетивалот ќе биде затворен на 5 јули со проекција на филмот „Никаквица“ од режисерот Жак Доајон.

[loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top