Награда за документарецот на Антонио Вељаноски „Поет на мал народ“

На 40 издание на фестивалот „Млада камера“ кој се одржува во Уничов, Република Чешка, Антонио Вељаноски од Охрид ја доби третата награда за документарниот филм „Поет на мал народ“.

 |  Голабовски Крсте  | 
Antonio VeLJANOSKI
Антонио Вељаноски

Antonio VeLJANOSKIНа 40 издание на фестивалот „Млада камера“ кој се одржува во Уничов, Република Чешка, Антонио Вељаноски од Охрид ја доби третата награда за документарниот филм „Поет на мал народ“.

Документарниот филм претставува портрет на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, а приказната се следи преку три негови песни:„ Куќа“, „Траума“ и „Ноќта е црна Liebe Marija“. Покрај поетот во филмот настапуваат  Верица Недеска, Катерина Петреска, Александра Котушеска како и музичка илустрација на етно групата Љубојна.

Антонио Вељаноски ја следи завршната година  на филмската академија  ФАМУ во Прага, најстарата во Европа од која излегле познатите режисери и оскаровци Милош Форман, Јиржи Менцел, Емир Кустурица и др. Шеф на катедрата за монтажа, на која Вељаноски студира  е македонскиот режисер Иво Трајков.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top