Охрид во низата признанија се здоби со уште една награда како значајна туристичка дестинација. Овој пат се стекна со признанието Балканска престолнина на културниот туризам за 2010. Наградата била доделена на неодамна одржаниот Новосадски саем и ја примил преставник од локалната самоуправа, а денес и официјално му беше врачена на охридскиот градоначалник. Високото признание му го предаде Дончо Танески претседател на Бафта.
„Градоначалникот ова да не го смета како награда туку како обрска со неговиот тим да го подобрат туристичкото движење во Охрид“ , порача во таа пригода Танески.
Наградата е секако континуитет на подобрување на работите во туризмот истакна при преземањето на наградата, Петрески. Оваа награда како и онаа за најгостољубиви домаќини сакам да ја споделам со сите граѓани на Охрид ,а со која потврдуваме дека дека преземаме позитивни чекори во развојот на туризмот истакна првиот човек на градот. При тоа Петрески не пропушти да ги искритикува владините кампањи. Се трошат пари за правење туристички реклами за CNN, а нема органзиирани посети на странски туристи. Тоа пак се должи на немодернизирани аеродроми и немање на нискобуџетни авио компании. Патната инфраструктура на двата патни правци што водат до Охрид е во очајна состојба потсети повторно градоначалникот.
Петрески најави поголема промоција на наградата на големиот верски празник Водици. Инаку, наградата Балканска престолнина на културниот туризам е востановена пред три години од меѓународна асоцијација за туризам и угостителство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град