Циклонот Хектор со ветрот кој дуваше дури 100км на час, во саботата направија пустош на охридското крајбрежје. Кризниот штаб со конкретни активности на терен. Од Охридски Комуналец ги следат упатствата од Локалната самоуправа, но сметаат дека сепак ќе треба време се да се врати во нормала.
Кризниот штаб на општина Охрид заседаваше по силниот ветар кој викендов го зафати нашиот град. Јужниот ветер кој дуваше со над 90 км на час предизвика повеќе штети посебно на потегот од Канео да градскиот плоштад. За справување со последиците биле договорени конкретни активности на надлежните служби како и нивна координација, информираше Томе Наневски претседателот на Кризниот Штаб. Екипи на Локалната самоуправа и градоначалникот ги посетиле речиси сите места каде што југот ги покоси сите импровизирани платформи, додава Наневски.
„На состанокот беше договорено да се вклучат сите јавни претпријатија и да се премине на чистење на последиците од невремето, кејот беше исчистен, исто така вработените од ЈП пружија помош и во расчистување на сопствениците на кафулињата кои беа најпогодени од невремето. Ние ќе побараме помош за обештетување и од централната власт сигурно и тие ќе ни излезат во пресрет, но во секој случај граѓаните ќе бидат обесштетени“.
Во активностите за расчистување беа вклучени околу 60 вработени и целата механизација од ЈП Нискоградба, Проаква и Комуналец. Директорот на Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски вели дека ги следат насоките на Локалната самоуправа и подготвени биле да реагираат и во престојниот период доколку дојде до излевање.
„Кренати се 70 метри кубни најразличен отпад, од трска до најлони, пластика и се она што жал несовесните граѓани го фрлиле изминативе години што во реките што во езерото. Отпадот е однесен на депонијата Буково и мал дел е во расадникот во Охридски Комуналец за компостирање“
Од кризниот штаб на општина Охрид велат дека и понатаму будно ја следат состојбата во координација со ЕЛЕМ Македонија. Инаку во текот на денешниот ден од Локалната самоуправа пуштиле екипи за проценка и за оштетувањата на кејот. Екипите биле подготвени да интервенираат на санација, но тоа не го дозволувале временските услови. При првата стабилизација на времето кејот ќе биде саниран, уверуваат од општина Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град