Се отворија портите за спас на Симона Јовеска од Охрид. Малата Мона, која има само четири години и која живее со надеж дека еден ден ќе ја види светлината на денот и рака за рака со своите врснички ќе заигра и прошета низ охридските улици, ќе тргне на пат за спас.
Мајката на Симона лично ни кажа дека благодарение на прилогот емитуван на нашата телевизија многу хумани организации се понудиле да помогнат. И не само тоа, вчера телефонски повик добила и од Министерството за труд и социјална политика од каде ветиле покривање на сите трошоци во Европската клиника во Скопје, со цел утврдување на точната дијагноза на малата Мона која досега не е прецизирана. ТВМ до крај ќе ја следи состојбата на Симона и за сите нови моменти ќе ја информира јавноста.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град