По 10 килограми месо ќе добијат над 1000 семејства од Охрид кои се евидентирани во Центарот за социјални грижи.
По 10 килограми месо ќе добијат над 1000 семејства од Охрид кои се евидентирани во Центарот за социјални грижи.
Годинава се донирани 18 грла, а бројот на донатори од година на година расте вели Зиба Муштеба преставник на фондацијата Шафак за Охрид.Им помагаме на сите сиромашни во Охрид без оглед на вера и нација, а кои имаат потреба од помош истакна Муштеба.
На денешниот верски обред , колење Курбан присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески.
Тој упати честитки до сите верници за празникот Курбан Бајрам. Петрески истакна дека денес се поклопуваат два празници, православниот Св. Климент и муслиманскиот Курбан Бајрам. Тоа укажува дека сме наведени да живееме заедно и како што не врзуваат празниците исто така и нашите секојдневни активности не насочуваат на заеднички живот, рече првиот човек на Охрид.
Припадниците на муслиманската вероисповед за подршката која им ја дава градот упатија благодарност.
Фондацијата Шафак оваа година курбан ќе донира и за граѓаните на општина Ресен.
Празникот Курбан Бајрам е ден за меѓусебно помагање на луѓето без разлика на верата, јазикот и нацијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град