Националаниот Парк Галичица, ќе си го добие имотот на Св.Наум

Првиот човек на паркот најавува дека Министерството за животна средина издало налог до владата,  корисничкото право имотот во Св Наум да му се врати на паркот.

 |  Татјана Маленкова  | 
Св.Наум
Sv.Naum

Првиот човек на паркот најавува дека Министерството за животна средина издало налог до владата,  корисничкото право имотот во Св Наум да му се врати на паркот.

GalicicaСпоред најавите на првиот човек на НП Галичица Зоран Ангелоски, долгите судски натегања, позитивно ќе резултираат. Она што им беше одземено плажата, паркингот и ресторанскиот комплекс ќе оди во сигурни раце кај првобитниот сопственик.„Тоа земјиште ни  беше одземено под непознати околности“ вели директорот на НП, Зоран Ангеловски.

„Земјиштето беше одземено без никаква најава. Во моментов како Јавна Установа имаме добиено позитивно мислење од министервото за животна средина , односно тие имаат дадено налог до владата корисничкото право да се врати на НП. Досега никој нема сносено последици. Едноставно тоа било направено по налог на владата“, вели Ангеловски.

„Досега повеќепати се обраќавме до недлежните институции. Баравме комплексот Св Наум да  ни се врати во владение.  Во моментов овој атрактивен локалитет е комплетно неуредено подрачје и претставува срам за Охрид и Р Македонија“, додава Ангеловски.  НП Галичица веќе прави планови за тоа како ќе го искористи земјиштето доколку им биде вратено.

„ Ние како установа имаме изработено идејно решение  спремни сме да започнеме со уредување на комплексот, вели директоторот“, вели дирекоторот.

Инаку Националниот парк веќе три години се обидува да го врати корисничкото право на 15 илјади метри квадратни земјиште одземено од страна на владата на 14 јули 2006 год.  Во моментов Паркот  стопанисува само со островот, додека за одземениот дел раководството на Галичица има  поднесено барање за враќање на корисничкото право. Откако сите релевантни фактори позитивно ќе се изразат по основ на ова прашање, последниот збор треба да го каже владата.
Се надеваме дека за кратко време овој проблем ќе се реши и ќе се знае кој стопанисува со земјиштето кое е дел од најатрактивната и најпривлечна локација  за туристите во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top