Националните паркови на Динаридите еден туристички бренд

Преку иницијативата “Парковите на Динарската верига“ спроведена од страна на организацијата WWF , националниот парк „Галичица“ може да го пронајде патот кон одржливиот туризам.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Еден од најголемите кањони во светот, најстарата и најголемата прашума во Европа, ливадата која има повеќе видови орхидеи отколку што ги има целото Обединето Кралство, најголемата подземна јама во светот, најголемата и најдолга клисура во Европа, се самo некои од тајните кои ги крие регионот на Динарската верига! Преку иницијативата “Парковите на Динарската верига“  спроведена од страна на Cветската организација за заштита на природата, и националниот парк „Галичица“ ќе пронајде патот кон одржливиот туризам. Дени Пореј извршен директор на  WWF , објаснува дека хрватските Плитвички езера и некои од пештерите во Словенија се само пример за тоа како природните убавини на заштитените подрачја можат да бидат ставени во функција на развој одржливиот туризам. А, Македонија и нашите заштитени подрачја го имаат потенцијалот.

Deni Porej„Македонија има сериозен биодиверзитет, кој се повеќе и повеќе се развива туристички и веруваме дека токму сега е моментот, тие природни убавини да се стават во функција на одржливиот туризам. Најдобар начин на кој тоа може да се направи, е парковите и локланите заедници да направат заеднички планови и визии за понатамошниот развој, односно како да се спојат биодиверзитетот и туризмот.Ние го донесовме тој сертификат за одржлив туризам, кој го има„Еуропарк“, односно европското семејство на паркови и ние веќе имаме договор со сите три национални паркови од Македонија, да станат членови на тоа семејство и да го прифатат начинот на кој европските паркови работат на одржливиот туризам“објансува Пореј.

Ова е само еден чекор поблиску нашите национални паркови да станат заштитени подрачја во контекст на Европската унија, што од друга страна пак, е прекрасна можност за користење на фондовите кои европското семејство ги нуди. За таа цел, парковите мора да имаат непречена комуникација со локалните самоуправи и да функиционираат како една мала развојна заедница, за да можат да привлечат проекти со кои ќе ги анимираат и туристите и локалното население за да ги посетат.

Galicica„Една е и можноста за приклучување во европксиот чартер за оджлив туризам, кој секако не е нешто што веднаш се добива, станува збор за процес во кој треба да се види соработката на субјектите кои се во просторот на паркот, потоа соработката помеѓу другите институции и едноставно соработката на сите заинтересирани за успехот на паркот како природна убавина и успехот на субјектите кои работаат во паркот како и државата односно РМакедонија, вели Огнен Достиноски од НП „Галичица“.

Инаку главната цел на овој проект, е националните паркови и заштитените подрачја на Динаридите да станат еден бренд, а исто така  за прв пат на регионално ниво да се изврши и вреднување на заштитените подрачја земјите од пранешна Југославија како и Албанија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top