Максимално успешно реализирана централната показна тренинг вежба за евакуација на ученици и персонал од образовна институција-училиште во случај на елементарна непогода-катастрофа. Вежбата во рамките на активностите од проектот за “Проценка на ризици и заштита од катастрофи”, ја организира Црвен крст Охрид во ОУ “Христо Узунов”. Наставниците и учениците, соодветно реагираа согласно планот за евакуација.
Инаку проектот е во организација на О.О на Црвениот Крст од Охрид, со подршка на ОЦК на РМ и Локалната самоуправа. Претседателот општинската организација, Сашо Точко, кажа дека со денешната вежба, според соодветно сценарио случен земјотрес и пожар, успешно беа евакуирани над 700 ученици. Се планира со проектот да бидат опфатени 8 основни и едно средно училиште. Во сите училишта се изработени планови за евакуација и елаборати за заштита и спасување, а наставниците и учениците се обучени, како да се дејствуваат во случај на катастрофа.
„Ова е проект, но не потикна на законската обврска на сите јавни институции да имаат и по два пати во текот на годината, да прават показни вежби. Значи законска обврска кај нас во РМ е секое училиште или јавна институција да врши ваква показна вежба“, вели Точко.
Од успешно реализираната показна тренинг вежба, задоволна и директорката на О.У. Христо Узунов, Оливија Пирузева Јанева. Таа потенцира дека е задоволна од покажаното како од наставниците, така и од учениците.
“Учениците и колку да беа потвувани навистина мислам дека успешно со своите наставници реагираа , и правилно ја спроведоа оваа акција, вели Пирузева-Јанева.
На вежбата покрај Единицата за одговор при кататстрофи на Црвен крст од Охрид учествуваа и тимови на институциите надлежни за делување во случај на катастрофи: ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, ЛС, Територијалната противпожарна бригада Охрид, СВР Охрид и Службата за итна медицинска помош. За некои предизвик, но за охридските пожарникари, кои на вежбата учествуваа со 2 возила само, рутинска вежба, вели командирот на ПП одделение Атанасов Ацо.
„Улогата на ПП единица беше првично да пребара,извлече и спаси повредени лица во дадена ситуација а потоа безбедно го изгаси настанатиот пожар“, вели Атанасов.
Од Црвениот крст од Охрид се надеваат дека со подршка на Локалната самоуправа од наредната година ќе ги опфатат сите останати училишта. Додаваат дека ова е напор да се поттикнат и останатите институции во спроведување на ваквите показни вежби и покрај финансиските проблеми кои се најголемиот проблем при реализацијата наистите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град