• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува забраната за возењето скутери

На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува забраната за возењето скутери

Сеуште има проблеми кои треба да се решаваат во однос со безбедноста на плажите и безбедноста во вода. Од Охридската капетанија кажуваат дека некои концесионери не ја почитуваат законската обврска да ангажираат спасители на вода, а има прекршување и на законот за слободна пловидба. Ваквите појави се позастапени на струшкиот дел од крајбрежјето на езерото.

 |  Јаковлева Лионела  | 

На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува во целост забраната која стапи на сила од први овој месец, а се однесува на возењето скутери од 11 до 19 часот. Панде Рилков, инспектор за безбедност за внатрешна пловидна при капетанијата вели дека сеуште поединци си земаат за право да дивеат по езерото во оној временски интервал кој е забранет.

Ние редовно правиме контроли и ги користиме сите човечки ресурси за да се направи ред и на струшкиот дел од крајбрежјето. Во тоа ни помага и езерската полиција со која имаме одлична соработка. На прекршителите им се изрекуваат казни кои се надеваме дека ќе вродат со плод, вели Рилков.

Рилков има забелешки и околу почитувањето на законската обврска на концесионерите да ангажираат спасувачки служби на плажите со кои стопанисуваат. Тој објаснува дека на поголемиот број плажи има спасители, но има и такви концесионери кои ја избегнуваат оваа обврска. Посебно ваквиот проблем е евидентен на струшкиот дел од крајбрежјето.

Направивме еден увид на плажите, а сопствениците на плажите за време на увидот даваат еден вид надеж дека ќе ангажираат спасители, но од последните информации кои ги имаме од Црвен крст Охрид, некои сеуште не ја обавиле таа обврска. И понатаму стои обврската да го подигнат нивниот имиџ и да ангажираат спасители и тоа што поскоро, вели Рилков.

На струшкото крајбрежје проблем преставува и тоа што  договорите што ги има потпишано локалната самоуправа со концесионерите, се поминати. Не се испочитувани роковите. Рилков објаснува дека некои бивши сопственици сеуште си земаат за право да стопанисуваат со плажата и да наплаќаат за лежалки и останати услуги, а се оградуваат кога е во прашање ангажирањето на спасители. Тој додава дека мора под итно да се реши овој проблем, но бара помош од локалната и на Струга и на Охрид, бидејќи капетанијата нема ингеренции во овој дел.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top