„На секое дете му треба семејство“

„На секое дете му треба семејство“. Под овај слоган денес на градскиот плоштад во Охрид  беше промовирана кампањата која треба да ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца. Во моментов во Охрид има 3 згрижувачки семејства, а и уште едно има интерес да им подаде рака на децата кои немаат сопствен дом.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани и туристите денес одблиску можеа да се информираат што е тоа згрижувачко семејство. На градскиот плоштад беше промовирана кампањата „На секое дете му треба семејство“ од страна на охридскиот центар за социјални работи, претставник од УНИЦЕФ и Локалната самоуправа. Кампања на министерството за труд и социјална политика која ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца тече од први јуни. Неим Сулејман, в.д. директор на охридскиот центар за труд и социјална политика, информира каков е досегашниот ефект од оваа кампања во Охрид.

Досега имаме само една жена која е која е заинтересирана да згрижи дете.Се надеваме дека во текот на кампањата ќе има повеќе заинтересирани лица, вели Сулејмани.

Во моментов во Охрид има 3 згрижувачки семејства кои се грижат за 9 деца. Шест деца од Охрид кои останале без родителска грижа се сместени во згрижувачки семејства во Прилеп и Кривогоштани. Но , преставниците од УНИЦЕФ се убедени дека кај охриѓани постои таа хумана димензија и дека оваа бројка значително ќе се зголеми.

Јас познавам многу луѓе од Охрид кои имаат големо срце и душа и верувам дека дел од нив ќе се пријават да ја споделат таа љубов која ја чуваат во себе токму за овие деца на кои им е тоа најмногу потребно. Верувам дека во Охрид ќе имаме многу згрижувачки семејства и дека ќе биде еден од градовите за пример, вели Елена Галарова Велковска, детска заштита на УНИЦЕФ.

И Локалната самоуправа се приклучува кон кампањата за потикнување на свеста на граѓаните кои имаат можност и услови да станат згрижувачко семејство. Претседателката на Совет ги повика граѓаните на Охрид да се вклучат во кампањата и да придонесат за децата без родителска грижа да бидат згрижени и да растат безбедно во семејство во кое ќе им биде пружена љубов.

Ова е само почеток. Локалната самоуправа целосно ќе се вклучи во оваа кампања и се надевам дека ќе успееме да мотивираме повеќе семејства прњеку анимација на граѓаните кои ќе се мобилизираат и ќе згрижат деца на кои им е потребен топол дом, вели Ангелоска.

Интересот во РМ е различен. Има градови со голем број на згрижувачки семејства и градови во кои нема згрижувачки семства. Затоа оваа кампањата има за цел да ги анимира и поттикне сите граѓани да се приклучат да има што повеќе згрижувачки семејства. Инаку, додатокот за згрижувачите за деца од предучилишна возраст изнесува 8 125ден., за училишна возраст 9 375ден., а за дете со пречки во развој 10 625ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top