На повеќе улици во градов има ударни дупки, се жалат возачите

Возачите бараат Локланата да ги санира ударните дупки по охридските улици. Надлежните служби при секторот за комунален развој, сообраќај и патишта велат дека веќе се детектирани овие ударни дупки и нивната санација е ставена во планот за работа за тековната 2016та год.  Ветуваат дека за престојнава туристичка сезона инфраструктурата во градов ќе биде во солидна кондиција и дека возачите ќе можат да возат по асфалтирани и уредени улици.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

На повеќе улици во градов има ударни дупки, се жалат возачите. Тие реагираат велејќи дека покрај што ги оштетуваат своите возила се изложуваат на опасност, а ја загрозуваат безбедноста и на пешаците. Бараат од Локлната што побргу да ги санира.

Од страна на надлежните служби при секторот за комунален развој сообраќај и патишта детектирани се овие ударни дупки и нивната санација е ставена во планот за работа за тековната 2016та год. Овој проект треба да се реализира во рамките на јавните набавки кои се во тек, а се однесуваат на санација на улиците во градов, изјави Љупчо Танески од  секторот за комунален развој сообраќај и патишта.

Во најлоша состојба е улицата „Даме Груев“, велат граѓаните. На некои од краците од оваа сообраќајница на секој чекор асфалтот е оштетен и има дупки, додаваат  тие. Танески кажува дека оваа улица веќе е влезена во годишната програма на Локланата. Посебно ќе се уредува делот зад ординацијата Сонце за каде веќе е изготвен и проект. На ударни дупки се жалат и возачите кои често возат по булеварот Туристичка, посебно на оној дел непосредно  пред кружниот тек кај Билјанини извори. Танески објаснува дека булеварот бидејќи е регионален пат е во надлежност на Агенцијата за патишта на РМ.

Но во измијнатиов период , а верувам и периодот што следува ние како локална секогаш сме излегувале во пресрет на владината агенција. Од наша страна веќе е изготвен проект за санација на овој дел од билевар Туристичка. Ние и покрај обемните работи кои ги имаме на терен ќе ја санираме оваа многу важна сообраќајница, вели Танески.

Од секторот за комунален развој кажуваат дека санацијата на ударните дупки ќе се врши исклучиво со асфалт, а не со бакатон плочки како што беше случај во неколку наврати во минатото. Танески објаснува дека тогаш биле приморани на ваков чекор бидејќи било зима а асфалтните бази не работеле, а санацијата на ударните дупки била неопходна. Тој додава дека бекатонките насекаде во градов се заменети со асфалт. Од локалната ветуваат дека за престојнава туристичка сезона инфраструктурата во градов ќе биде во солидна кондиција и дека возачите ќе можат да возат по асфалтирани и уредени улици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top