Охридските таксисти сметаат дека бројот на издадени лиценци за вршење на авто такси превоз во градов е преголем, за сметка на малиот број локации за паркирање на таксисти. Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици го демантираат тоа. Нивниот став е јасен. Од таму велат, бројот на лиценци е лимитиран согласно постоечките паркиннг места на територијата на општината, а проблемот лежи во тоа што поголем број од охридските таксисти сакаат да се паркираат во центарот на градот.
Многу лиценци за такси, а малку паркинг простор. Охридските таксисти со забелешка до надлежните дека во Охрид се издаваат повеќе од потребното лиценци на такси возачите, без Локалната самоуправа да обезбеди доволно паркинг места наменети за нив. Тие не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески информира дека имале издадено 300 изводи од лиценци за вршење авто такси превоз, и смета дека во Охрид има доволно паркинг места, но проблем било што охридските таксисти ги посакувале само атрактивните локации, а такви имало 4 во градот.
„Не станува збор за 40 паркинг места, туку бројот на паркинг места на територија на општина Охрид наменети за авто такси превозниците изнесува 211 тие се наоѓаат на повеќе улици како во централното градско јадро така и во периферијата и делови од села во рамки на општина Охрид. Условно би можел да кажам дека проблемот со паркинг местата на авто такси превозниците е најголем дел од нив сакаат да бидат паркирани во централното градско подрачје“ – изјави Танески.
Тој тврди дека многу паркинг места во градов остануваат празни. Вели дека во секое време има слободни локации на многу улици, во сите делови од територијата на општина Охрид, а проблемот околу бројот на лиценци и паркинг места бил наметнат од самите таксисти.
„Редот треба да го воспостават меѓусебно такси превозниците и такси компаниите. Доколку не можат да се договорат ние односна стручните служби на одделението за сообраќај би биле расположени, секогаш за совети и организирање на еден координативен состанок со којшто би се надминал проблемот кај нив. Но тој проблем би кажал дека сами го имаат наметнато заради атрактивноста на паркинг местата при изведување на нивната секојдневна работа “ – вели Танески.
За регулирање на состојбата со таксистите во градов, Секторот, има понудено решение, преку одлука за авто такси превоз на територијата на општина Охрид. Како што велиТанески таа одлука ги дефинира локацијата и капацитетот на станиците, обележувањето и опремувањето на такси станиците, бојата на возилата, тарифата и начинот на користење на такси постојките, како и максималниот број на возила со кој може да се врши авто такси превоз на територијата на општина Охрид. Максимален број на изводи од лиценца за нашата општина е околу 400. Танески пренесува дека според податоците кои што ги добивале од сообраќајната полиција во рамки на СВР Охрид, секојдневно услуга такси превоз вршат околу 170 авто такси превозници. Една лиценца чини 5000 денари годишно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град