Вина кај сите, само не кај Охрид!

Жешка атмосфера на продолжението на 25-тата седница на Советот на општина Охрид. Кварталниот извештај, за едни – идеален, за други – ги извади на видело слабостите.

 |  Билјана Николовска  | 
opshtina
општина

sednicaСивите зони до израз. Предлог одлуката за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот за периодот од 01.07 до 30.09 годинава, темпирана бомба. Јованка Дамоска, советничка на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека слабостите за кои редовно укажуваат, со кварталниот извештај доаѓаат до израз. Според неа сивите зони посебно се очигледни во контото за субвенции и трансфер. Дамоска потенцира дека најголемата слабост е процесот на реализација на буџетот, како и нереалните соништа на градоначалникот Петрески.

„Кварталниот извештај е образец кој во целост е преземен онака како што е зацртано од Министерството за финансии“, вели раководителот на одделението за финансии и буџет, Ацо Китрозоски. Тој не гледа никакви сиви зони во поглед на тоа.

На Дамоска и одговори и претставникот на Комисијата за финансии и буџет, Ахмет Патељ. Тој потенцира дека буџетот оди во нагорна линија, а не како што сака некој нереално да го прикаже.

За политичката компонента и реализација на буџетот, Дејан Паноски од ВМРО –  ДПМНЕ дециден, дека тој максимално е искористен дури и некаде надминат. Тука Паноски ги посочи урбаното и градежното уредување, како и патувањата дома и во странство.

Томислав Тунтев пак, вели дека имаме идеално остварување на буџетот за третото тромесечје. Тој посебен акцент даде на скратените наменски дотации од страна на Владата, кои биле планирани во буџетот. Тунтев додава дека ништо нема и од нашите пари кои државата треба да ги врати.

Кварталниот извештај се усвои, но бројните препукувања на советниците од двата спротивставени политички блока ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, кој што направил, одат во недоглед. Денешната 25-та седница на Советот на општина Охрид заврши со усвојување на сите останати точки. Три од нив поминаа едногласно, и тоа точката за програмата за Локалениот  акционен план за контрола на туберкулозата 2010-2014, програмата за јавно осветлување како и програмата за изработка на урбанистички планови на општина Oхрид за периодот од 01.01. до 30.09 2010.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top