Во месноста Мазија, охриѓани ќе добијат Холандски парк. Поголемиот дел од средствата наменети за паркот се донација на холандската амбасада во земјава, а дел од локалната самоуправа. Покрај спомен обележјето на холандскиот писател, Аден Долаард, посветен на традиционалното македонско –холандското пријателство, сега се подига и парк. Хортикултурно уредената површина ќе има повеќе содржини кои ќе бидат градени во три фази, најавува проект-координаторот од локалната самоуправа, Антонио Балески.
„Проектот опфаќа не само класичен парк туку функционална, урбана модерна целина која ќе има повеќе содржини каде што ќе се одржуваат културни манифестации. Паркот ќе биде симбол на нашето традиционално пријателство истакнува Балески“.
Првата фаза на проектот се очекува да биде реализирана до крајот на месецов, кога во Охрид се очекува да пристигне и првата група холандски туристи на 29 април. Доаѓањето на некогаш традиционалните, холандски туристи е најава за нивно повторно враќање на охридското крајбрежје, како и намера да се воспостави чартер линија на релацијата Амстердам-Охрид, во текот на јули и август.
Холанѓаните во Охрид ќе ги дочекаат амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Симоне Филипини и охридскиот градоначалник Алексанадар Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град