На површина испливаа лагите и манипулациите на СДСМ и актуелниот градоначалник Александар Петрески, околу најновите случувања за издавање на дозвола за изградба на Здравствен дом во Охрид, обвини првиот човек на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во низата обвинувања на адреса на спротивниот полчитички блок рече дека градоначалникот нема ниту страм ниту одговорност кон сопствените граѓани а најмалку за иднината на здравството во Охрид. Според него постапката на менаџментот на здравствениот дом е исправна, во врска нивните побарувања за издавање на дозвола за изградба на нов модерен и функционален здравствен дом.
Директорот на Здравствен дом, Митко Дабески, исто така се чуди на постапките на одговорните во Локалната. Според него, се е во ред од негова страна, во врска потребната документација за изградба на Здравствениот дом.
Михаилов рече оти ВМРО – ДПМНЕ, градело, гради и ќе град. Воедно му порача на Петрески, барем еднаш да направи нешто корисно во интерес на сите граѓани на Охрид и да ја дадат потребната дозвола за градба.
Михаилов исто така од охридскиот градоначалник побара оставка на директорот на ЈП Градски гробишта, на една од двете неспоиви функции, кој во моментов извршувал.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град