Мора сите заедно да се потрудиме за да имаме чист Охрид!- велат од Чист Охрид.
Десетина луѓе, овој пат на иницијатива на групата „Не биди ѓубре“,вчера чистеа на локацијата позната кај граѓаните како Полигон, во близина на ресторанот Европа.
„Жалиме што повторно и повторно ја гледаме истата слика, најверојатно создадена од несовесни млади луѓе кои дружејќи се навечер на тоа место, зад себе, меѓу другото оставаат пластични шишиња, отпушоци и голем број на стаклени шишиња.“ – велат од групата активисти Чист Охрид.
Итно е потребно надлежните да го санкционираат ваквото однесување, порачуват од Чист Охрид и додаваат дека и покрај нивните напори потребно е таа локација во центарот на градот дополнително да се опфати и среди од надлежните.
За акцијата се известени и екипите на Охридски Комуналец, од каде ни потврдија дека сметот ќе биде отстранет од локацијата.
Мора сите заедно да се потрудиме за да имаме чист Охрид!- велат од Чист Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град