Студиската програма безбедност и финансиска контрола се враќа на факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Деканот на оваа установа Цветко Андреески очекува поголем интерес на студентите во новата академска година, бидејќи им била дадена добра квота за сите студиски програми.
Излегоа квотите за прием на нови студенти на државните факултети. Охридскиот факултет за туризам и угостителство оваа академска 2017- 2018 година, доби добра квота од 430 нови студенти. Деканот на факултетот Цветко Андреески вели застапени се сите студиски програми, но откри и една новина во тој дел.
„Она што е ново за оваа академска година е обновување на квотата за студиска програма безбедност и финансиска контрола и очекуваме поголем интерес за нови студенти во однос на она што го имавме минатите години“.
Минатите години во трите уписни рокови на факултетот за туризам и угостителство се запишуваа по 300 студенти. Отприлика толкав број на студенти деканот очекува и за оваа година. Андреески смета дека новата студиска програма која ја најави ќе предизвика голем интерес кај студентите.
„Претпоставувам дека најголем интерес ќе има за безбедност и финансиска контрола, според искуствата од периодот кога имавме квота за оваа студиска програма се разбира дека доста атрактивни се и царина и шпедиција, осигурување“.
Покрај овие програми, голем е интересот на новите академци и за студиската програма туризам које е носечка на ФТУ. Андреески нагласи дека дипломците кои што излегуваат од ФТУ се големи професионалци во струката и барани, како во нашата земја, така и во странство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град