На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад

Струшката депонија и понатаму голем проблем за стружани. Тие се скептични дека ќе се реализираат ветувањата на градоначалникот Рамиз Мерко и ќе биде дислоцирана до месец Мај. Решението за овој проблем е изградбата на регионална депонија. Од Министертсвото за животна средина не отстапуваатлокацијата на регионалната депонија да биде во општина Дебрца. Но, жителите на оваа општина на референдум рекоа НЕ за депонија во нивниот атар.

 |  Јаковлева Лионела  | 

На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад. Помина скоро една година откога стружани протестираа поради загадувањето на воздухот од чадот кој доаѓаше од запалената депонија, а се уште нема конкретно решение за овој горлив проблем стар дваесеттина години. Градоначалникот Рамиз Мерко ветуваше дека до месец мај депонијата ќе биде исчистена, а сметот ќе биде транспортиран до скопска Дрисла, но тоа сега на граѓаните им изгледа како научна фантастика.
Ардијан Демири од здружението „Стружани за Струга“е скептичен. Вели дека невозможно е толкави количини на смет да се уништат или преместат за само два месеци. Решението го гледа во тоа Владата да ги преземе ингеренциите над депонијата и ресорното министерство да управува со отпадот.

Искрено не верувам, бидејќи нема ни време, а таму огромна е количината на сметот кој што треба да биде расчистен од една страна, а од друга страна се уште нема никакви преговори според наши сознанија со некоја соседна или пак регионална депонија, додава Демири.

И граѓаните се скептични дека проблемот ќе се реши до мај. Апелираат депонијата што поскоро да се затвори оти не можат уште една пролет и лето да ги поминат во чад и неподнослива миризба.

Често ветуваат, но ништо не прават. Додека дојдат на власт сите ветуваат после ништо. Од најчист град го направија ужасен,
Сакаат во Дебарца да се прави депонија, но не даваат тие пак таму и тешко вака, велат анкетираните граѓани.

Решението за овој проблем, но и воопшто за проблемот кој ги засега и останатите општини во Југозападниот регион е изградбата на регионална депонија. Од Министертсвото за животна средина не отстапуваат дека локацијата на регионалната депонија ќе биде избрана согласно изработената студија. Во студијата од посочени 4 локации како најсоодветна беше издвоена онаа во општина Дебрца. Но, жителите на општина Дебрца на референдум се изјаснија дека не сеакаат изградба на регионална депонија во нивниот атар. Мислам дека јавноста треба да биде повеќе запознаена како ќе изгледа депонијата.

Затоа ние како министерство тереба да преземеме мерки да ја ингформираме јавноста што значи тоа депонија. Депонијата ќе биде изградена по сите стандарди и не се очекува никаков импакт по животната средина, истакна Беса Татеши, портпарол во Министерство за животна средина.

Дали одлуката на ресорното министерство сепак да се гради депонија во Дебрца ќе значи минирање на спроведениот референдум останува да видиме.
Инаку, според проценките овој проект ќе чини 54,5 милиони евра. Во оваа сума се превидени и средства за санација на дивата струшка депонија, за купување средства за пренесување на отпадот и за изградба на инфраструктура. Средствата за изградба на регионална депонија во Југозападниот регион сеуште не се обезбедени. Во регионите каде што нема предвидено пари од европските фондови, таму ќе се оди според принципот на јавно приватно партнерство и концесија, односно ќе се бара инвеститор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top