Прв фестивал на дигитални уметности N-H//LON

Афиримација на современите форми на изразување и креирање уметност, видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3D Maping, Мастер класови кои ќе третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика како адекватен и актуелен израз, е целта на првиот фестивалот на дигитални уметности N-H//LON (Енхалон).

 |   | 

Афиримација на современите форми на изразување и креирање уметност, видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3D Maping, Мастер класови кои ќе третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика како адекватен и актуелен израз, е целта на првиот фестивалот на дигитални уметности N-H//LON (Енхалон).

Фестивалот на дигитални уметности N-H//LON оваа година ќе го има своето прво издание и има за цел да ги афиримира современите форми на изразување и креирање како видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3D мапинг, мастер класови кои ке третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика како адекватен и актуелен израз на нашето време.

Фестивалот ќе се одржи на 14-ти и 15-ти јуни во Струга, а сите домашни артисти кои работат видео арт, аудио-визуелни инсталации, кратки експериментални филмови и видео перформанси можат да се пријават најдоцна до 5 мај годинава. Заинтересираните може да пратат кратка биографија и опис на enhalonfestival@gmail.com со назнака: Конкурс за видео арт програма.

Како хедлајнер на музичката програма најавен е берлинскиот ди-џеј и продуцент Ancient Methods – пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Тој е еден од ретките продуценти во светот, кој со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, до класична, медитативна и психоделична музика.

Овие современи форми на изразување вкрстуваат веќе постоечки и традиционални уметнички дисциплини, користејќи напредни технологии. Тие создаваат нови форми на истите кои на човештвото му нудат едно сосема ново искуство, како современ, но искрен и автентичен уметнички израз кој заслужува место во дискурсот на современата култура.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top