Поголем дел од куќите во МЗ, 7 ми Ноември за време на обилни врнежи од дожд, се поплавуваат. Тоа е поради неквалитетната изведба на канализационата мрежа, реагираат од МЗ.
Најнаселената МЗ „7ми ноември“, заборавена од надлежните, реагира претседателот Димитрија Митрески. Тој денес отворено проговори за проблемите со кои се соочуваат мештаните на оваа месна заеница. Најсензибилниот проблем според Митрески доаѓа од комуналната сфера. „Речиси сите куќи за време на врнежи од дождови па и снег се полнат со вода и никој не води грижа, посебно не луѓето кои катадневно се фалат дека нешто прават долгорочно и квалитетно“, вели Митрески.
„Меѓутоа канализацијата е поставена посебно за фекална посебно за дождовна. На крај кога ги правеа шахтите ги замешаа и сега фактички до перална Крле таа фекална канализација и дождовница прават поплава на цела улица и смрди од сите решетки, значи таа требаше да се одвои, но очигледно дека надлежните тоа не го направија, поточно не запоставија. Мене ме чуди една работа, кога нешто прави општината за себе го прави нека го направи квалитетно секој да се чуди.“-вели Митрески.
Митрески кажува дека посебно за ул. „Абас Емин“, била предвидена голема сума на средства како би се решиле сите инфраструктурни проблеми, но од тоа ништо конкретно не веделе.
„Единствено што за Абас Емин предвидени беа 13 милиони денари, пред 4 години, меѓутоа каде исчезнуваат парите незнам, требаше да се направи подземна и надземна инсталација све во права смисла улицата да личи на нешто, но не е барем ниту почната. Јас често се јавувам општина таму ми велат ги пренаменавме парите за други работи и велат немаме пари -изјави Митрески.
Од Локалната самоуправа во врска со проблемот со мештаните на МЗ -7ми Ноември, оставија простор, претседателот и членовите на МЗ во понеделник, да се сретнат со стручни лица од локалната како заеднички би разговарале за надминување на проблемот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град