Музика, фолклор, танци и прекрасни носии-прв Охрид Опен 2014

Организаторите велат дека се задоволни од бројот на учесници. Доколку ги послужат временските услови, бројните фолк групи ќе имаат и свое дефиле низ градот, а ќе ги презентираат и своите народни танци.

 |  Мишел Наумоски  | 
ohrid open 14
охрид опен 14

Нов фестивал на народни песни и игри, Охрид Опен 2014. Четиринаесет фолклорни групи од повеќе различни земји, како и два домашни фолклорни ансамбли ќе ги презентираат своите народни игри, песни, и прекрасните и колоритни традиционални носии. Од Русија, Литванија, Украина и Полска, па се до балканските Словенија, Србија, Бугарија. Во своето премиерно издание, Охрид Опен успеа во нашиот град да собере преку 480 учесници.

organizatori festival„Целта е да се дружиме со фолклорните групи, со некои групи и соработуваме, ќе ја покажат сите групи традицијата, обичаите на самата држава, носиите и дружењето кое е најважно овде. Нормално знаете како е, како и кај нас, така и во сите држави, секое село, секој град си има различни обичаи, различни носии и ќе ги гледаме, утре и задутре и во дефилето и во настапите. Ќе гледаме различни носии, различни игри и на крајот секако дружење. Денес на пример сите групи со туристички водичи имаат разглед на градот.“-вели организаторот на фестивалот, Миленко Андрески.

На премиерното издание од фестивалот, учество ќе земе и друштвото на народни танци „Краковиак“ од Полска. Тие велат дека за прв пат доаѓаат во Охрид, и дека со исклучот на врнежливото време деновиве, воодушевени се од самиот град.

igraorci„Нашиот ансамбл работи при факултетот за физичка култура и се вика Краковиак. Членови на нашиот ансамбл се студенти, но исто така и играорци кои биле некогаш и кои понатака доаѓаат да играат во нашиот ансамбл.“-рече Војчек Ваптанш од културното друштво „Краковиак“ од Полска.

Според организаторите ваквите фестивали не само што се можност да се видат различни народни носии и игри, воедно се и добар туристички потенцијал бидејќи освен членовите на ансамблите, заедно со нив доаѓаат и туристички групи од земјите учеснички.

Инаку програмата на Охрид Опен официјално започнува утре со дефиле на учесниците во 18 часот и нивен настап во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19 часот и во истите термини во сабота, 3ти мај. Влезот за Охрид Опен 2014 е слободен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top