Дали во градов ќе се отвори средно музичко училиште

Наставниот кадар од основното музичко училиште Методиј Патчев прави напори да се реализира дамнешната идеја во градов да се отвори средно музичко училиште. Таленти за музика има, само им е потребно соодветно образование.

 |  Јаковлева Лионела  | 
muzicko
музичко

Основното музичко училиште „Методиј Патчев“ прави напори за воведување на средно музичко образование во градов. Оваа идеја тлее од поодамна, но се чека да се создадат услови за нејзина реализација, вели директорката Нина Момировска. Веќе е разговарано со министерот за образование. violinistka

Инаку, во ова основно училиште музички се образоваат 326 ученици. Само во оваа учебна година се запишале 67 од кои 37 се првооделенци и ќе ги изучуват инструментите клавир и виолина, а 27 се петтооделенци и ќе ги изучуваат инструментите флејта, гитара, кларинет и хармоника. Момировска вели дека интерес има за сите инструменти, но во последните години посебно е актуелна гитарата.

Директорката е задоволна од просторните услови со кои моментално располага училиштето. Таа објаснува дека сите 17 наставници имаат свој кабинет, а располагаат и со две солфежни сали. Моментално се прават распоредите на часови што е посложен процес бидејќи во ова музичко училиште доаѓаат деца од сите школи во градов па мора да се усогласат нивните смени со смените во ова музичко училиште. Момироска вели дека и оваа година ќе учествуваат на поголем број натпревари. Веќе е сигурно дека во март и април ќе учествуваат на два државни натпревари, а ќе ги прифатат поканите и за некои други можеби и национални на кои ќе можат да ги покажат квалитетите на децата кои се образоваат во ова училиште. Директорката се надева дека ги очекува уште една успешна учебна година закитена со многу награди и пофалници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top