Охридската бродска флота нема да може да се укотвува во Заливот на коските. Ова е ставот на директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман по однос на прашањето дали бродовите кои превезуваат туристи ќе имаат пристап од езерската шир кон брегот каде што е сместен Музејот. Овој туристички локалитет ќе добие пристаниште, но за пристап само на јахти. Станува збор за значјно културно наследство ко ене смее да биде нарушено. Пристап од езерскиот сообраќај ќе има само во рамките на она што го дозволува Законот дециден е Кузман.
Инаку, во овој музејски комплекс се работи на втората фаза за доизградба на Римскиот каструм. Таму се изградени 6 куќарки со карактеристики на римскиот период кои ќе служат з а одмор на туристите. Со тоа се внесуваат планираните содржини со кои постеителите при разгледот ќе можат да уживаат во езерскиот крајолик и музејскиот комплекс вели археологот Кузман.
Паско Кузман потенцира дека наскоро ќе започне и процесот на поставување специјлани колци на кои ќе биде подигната платформа. Врз неа ќе бидат изградени додатните 16 дрвени куќички. Се планира Музејот на вода целосно да биде завршен до крајот на месец август.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град