Музејот на вода вмешан во разни интриги и шпекулации во изборната кампања

„Музејот на вода е вмешан во разни интриги и шпекулации во изборната кампања“  вели  Паско Кузман.

 |  Валентина Нелоска  | 
muzej
музеј

„Ноторни лаги се искажани во врска со Музејот на вода, од луѓе кои се во трка за градоначалници, советници и претседатели“ кажа на прес конференција директорот на  Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тој ги демантира шпекулациите околу вредноста на проектот за Музејот на вода, искажани од градоначалникот Александар Петрески. „Музејот на вода во Градиште чини околу два милиони евра, а да се каже дека се потрошени  10 милиони, како што изјави  Петрески, е ноторна лага“, вели Паско. Тоа е објект кој привлекува големо внимание, а се очекува  да биде „мека“ за туристите кои го посетуваат Охрид.

Paskali i KuzmanНа средбата со новинарите Кузман кажа и дека за овој проект, на инсистирање на градоначалникот Петрески, биле одвоени и платени 4 милиони денари за комуналии, кои со цесија ги платиле на ЈП „Проаква“ и сега е жално што токму Петрески кажува дека тоа се колиби. „Сите договорени проекти за време на неговиот мандат не се реализираа. Не се префрлија 2 милиони денари, пари одобрени од Советот на општината, за да започнат истражувања на Киклопските ѕидини. За проектите кои Петрески  ги истакнува како негова заслуга, како изградбата на катот на гимназијата проектиран од архитект на Завод и музеј, до ден-денес средствата не се исплатени“ обвини директорот на Управата за заштита на културното наследство и додаде дека поставувањето на споменикот на „Св.Климент“ е дивоградба, со донација на бизнисменот Зелеников.     
Паско Кузман објави дека досега, со истражувањата на Плаошник и на Самоиловата тврдина, има откриено повеќе значајни артефакти. Најново е откритието на гробници во кои е пронајден златен накит. Паско најави дека до крајот на годината сите златни предмети  ќе бидат изложени во „Куќата на Робевци“.

 

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top