Музејските артефакти набрзо ќе станат подостапни за слепите лица

Завод и музеј заедно со Здружението за слепи лица од Охрид изработиле проект со наслов „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“. Целта е преку допир на експонатите оваа ранлива категорија на граѓани да ја почувствува културата и културното наследство.

 |  Јаковлева Лионела  | 
slepi
слепи

 

Слепите лица и лицата со оштетен вид ќе можат да ја почуствуваат културата. Завод и музеј заедно со Здружението за слепи лица од Охрид изработиле проект со наслов „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“. Тој е финансиран од фондацијата Ставрос Ниаркос во партнерство со Шведската организација „Културно наследство без граници“. Со овој проект треба да им се овозможи на слепите лица и лицата со оштетен вид подобар пристап до просториите со музејските збирки и експонати во Охрид.

Ќе се изработат и копии на артефакти кои не можат да вообичаено да се допираат .Во рамки на проектот набавена е опрема со која на слепите лица и звучно ќе им се врши објаснување со читање на бар код кој ќе биде ставен до артефактот. Крајна цел е да направиме заедничка изложба со артефакти изработени од различни материјали,објаснува Горан Патчев од охридскиот Завод и музеј, координатор на проектот .

Славчо Џајко, претседателот на Здружението на слепи лица од Охрид вели дека идеата за еден ваков проект потекнала од проблемите со кои се соочиле кога поголема група на слепи лица и лица со оштетен вид кои биле гости во нашиов град посакале да ги посетат музејските поставки. Бидејќи не е дозволено да се допираат артефактите во музеите тие не можеле да добијат никаква претстава за каков експонат станува збор. Истото се случило кога педесеттина слепи лица го посетиле музејот на македонската национална борба во Скопје.проект

Често пати сме имале искуства со гости кои го посетиле здружението и на кои сакавме да им ги покажеме нашите културно историски споменици, но никаде артефактите не можат да се допираат. Кустосите објаснуваат, но тоа не е исто ако слепите лица не можат и да ги почуствуваат, вели Џајкоски.

Овој проект веќе бил спроведен во Босна и Херцеговина и ги дал првичните резултати.

Нашето искуство е одлично, бидејќи претходно како и поголемиот број од останатите музеи во регионот немавме ништо направено во однос на достапноста на поставките за слепите лица. Ова е само чекор напред да се направи нешто што ќе претставува добра основа за понатамошна надградба и се надевам дека лицата ќе бидат задоволни, изјави Татјана Мијатовиќ преставник од музејот во Сараево.

Инаку, денес беше потпишан и меморандум за соработка, а обуките со вработените во Завод и музеј започнаа од 8-ми и ќе траат до 18-ти Ноември во Спомен куќата на Христо Узунов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top