Мувла напаѓа во охридската библиотека

Книгите за позајмување од националната установа библиотеката Григор Прличев се повеќе заудираат на мувла.

 |  Валентина Неловска  | 

Книгите за позајмување од националната установа библиотеката Григор Прличев се повеќе заудираат на мувла.

Влагата и мувлата сериозно го напаѓаат книжниот фонд, не само на постарите туку и на поновите изданија. Со ваквата сериозна состојба се согласуваат и од библиотеката.

„Увидовме дека фондот се оштетува од влагата. На то аукажуваат и вработените и корисниците. Влага попримаат и новите изданија со што стануваат опасни за сите“, нагласува директорот на библиотеката ,Тоде Илиески.

Библиотеката веќе 5 години користи привремен простор од 250 метри квадратни без соодвтени услови потребни на една ваква установа. Засега таа ги има единдствено условите за елементарно опстојување. Отсуството на соодветни услови за  чување на книжниот фонд, како што се техничка контрола на температурата и влажноста на воздухот се сериозна закана за уништување на околу 100.000 книги. „Во сегашното седиште на библиотеката има над 70.000 книги, но добар дел од книжниот фонд околу 50.000, по рушење на старата зграда, складиран е во далеку полоши  услови, во некогашниот Музеј на Словенската писменост сместен во некогашното зграда на училиштето „Св. Климент Охридски“, истакнува  Илиески.

Подолго време повиците за спас на библиотечниот фонд и решавањето на просторниот проблем на оваа културна установа нема кој да ги чуе. Се останува само на декларативни ветувања за решавање на просторниот проблем. Пред неколку месеци за овој проблем свое видување даде и министерот за култура Елизабета К.Милеска.

Канческа Милеска  потенцира дека во решавање на проблемот треба да се вклучи и локалната самоупарава со тоа што ќе посочи соодветен слободен простор, за кој тие како ресорно министретсво ќе издвојат пари.

И додека министерството за култура, локалната  самоуправа и библиотеката изнајдат соодветно решение за пристојни услови, книжниот фонд секојдневно ја губи битката со времето. Доколку продолжи нападот на влагата и мувлата врз книгите во градската библиотека можно е Охрид како значаен духовен и културен центар да остане без книжен фонд. Друга опасност е тоа што градот може да остане и без своите ретки и единствени изданија кои како спас од влагата ќе бидат заштитени во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top