Муслиманите ќе почекаат за изградба на капела

Закочија работите околу изградбата на муслиманската капела. Причина за тоа е немање доволно средства, но исто така бавно оди и постапката за прибирање на техничка документација без која не може да се отпочне никаква градежна активност, информираат од ЈП „ Градски гробишта“.

 |  Николоска Биљана  | 
kapela
капела

kapelaМуслиманската капела доби темели и на тоа остана. Изградбата е стопирана скоро година дена поради немање на доволно финансии и за истата не е прибрана потребната техничка документација, информираат од ЈП „Градски гробишта“. Првиот човек на ЈП, Драган Пандески,  вели дека од нивна страна вложуваат максимални напори за да се изгради овој објект, но признава дека работите одат тешко. Тој додава дека клучот за изградба е во Министерството за финансии кое не го одобрила кредитот наменет за изградба на капелата.

„Во моментов немаме изведувач. Вие знаете дека Советот на општина Охрид донесе одлука за кредитно задолжување, баш за изградба на оваа капела. Бидејќи не добивме согласност од Министреството за финансии за кредит во вредност од 3,5 милиони денари, а најдовме банка која ни го одобри кредитот, но без тие средства не може да бараме инвеститор“  – вели Пандески.

pandeskiНа 16 ти декември годинава се навршува точно една година откако беа удрени темелите за градба на најсовремената капела како што тогаш ја најави првиот човек на градот Александар Петрески. Според тогашните најави на градоначалникот Петрески муслиманската капела требаше да биде готова оваа пролет.

Муслиманските верници сеуште ќе треба да чекаат додека се исполни ветената заложба на Петрески, да добијат современа капела. Сеуште во христијанската капела нема услови за обред на покојните од муслимансака вера, вели Пандески.

„Муслиманите обредите ги врши секој во својот дом, бидејќи тие во нашата христијанската капела не ги носат покојните“-вели Пандески.

Во моментов на локацијата на охридските градски гробишта каде што треба да се гради муслиманската капела просторот се тампонира, поради зимските услови, вели Пандески. За изградба на овој објект потребни се 6 милиони денари, средства кои треба да се обезбедат дел од донации, дел од општината а свој дел ќе има и ЈП.  Муслиманската капела треба да се гради по Европски стандарди, со сите пропратни содржини. Истата ќе зафаќа површина од 220 квадратни метри вклучувајќи го тука и дворното место.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top