• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • МПЦ и верниците денес го прославија возобновувањето на култот на Св.Константин Кавасила

МПЦ и верниците денес го прославија возобновувањето на култот на Св.Константин Кавасила

Исклучително значаен во православието, свети Константин Кавасила се смета за достоен продолжувач на светиклиментовото дело иако верниците малку знаат за неговото житие.

 |  Мишел Наумоски  | 
kavasila

Катедралната црква „Св.Софија“ денес беше претесна да ги собере сите верници од сите краеви на земјава кои сакаа да присуствуваат на прославата за возобновување на култот кон свети Константин Кавасила, еден од најзначајните архиепископи на Охридската Архиепископија. Утрената богослужба природно ги прибра кај себе верниците кои дојдоа не само да го чујат божјото слово, но и да чујат за ликот и делото на свети Константин Кавасила. За значението на овој охридски архиепископ проговори теологот Виктор Недески.

kultot na kavasila„Неговиот животен пат е специфичен во многу нешта. Живеејќи во една вистински бурна епоха на постојани борби и војни за превласт помеѓу христијанските владетели на распарчената источна империја, овој свет архипастир грижливо бдеел над повереното стадо. Раководен единствено од мерката Христова, и никогаш не штедејќи се себеси, како добар пастир на црквата, многупати покажал дека е подготвен да ја положи и душата своја за своето стадо.“-вели теологот Виктор Недески.

За култот кон овој исклучително значаен архиепископ во православието, митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј ќе спомене во предговорот на книгата посветена на Кавасила која излезе од печат непосредно пред денешното чествување.

sveta sofija kavasila„Спонтаното препознавање на одредена личност како богопросветлена и света од страна на Црквата, т.е. од страна на народот Божји, доведува до раѓање на култ. Препознавајќи во таквата боговдахновена личност правило на верата и пример во духовниот живот, Црквата постепено и спонтано ја засилува почитта кон неа. Оддавањето на достојна почит на таа личност, во историјата се изразувало, а се изразува и до денес преку различни форми, од кои основни според кои денес го препознаваме култот на одреден светител се: Големата народна почит кон личноста на светителот, одредување на ден во кој ќе се прославува, составувањето на житие, иконографско изобразување на неговиот лик и составување на богослужба во негова чест, почитување на неговите мошти, како и посветувањето на храмови во чест на светителот.“-напишал митрополитот Дебарско-кичевски, г.Тимотеј.

liturgija kavasilaСвети Константин Кавасила бил византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот по 1250 до 1263 година. Кoнстантин Кавасила бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија. Роден бил во Илирија, најверојатно на територијата на Епирското деспотство. Пред да застане на охридскиот трон, тој бил епископ во градот Струмица, поточно во водочкиот манастир и митрополит во Драч. Поради одредени историски прилики неговиот култ бил искоренат, но неговиот лик е застапен во повеќе цркви во Охрид и тој најчесто е на иста фреска со Св. Климент Охридски. Инаку се верува дека свети Константин Кавасила се упокоил токму на денешен ден кон крајот на 13тиот век. Бил погребан во архиепископската гробница во Света Софија која подоцна била уништена од османлиите. Неговиот лик бил подоцна насликан на Богородичниот храм Перивлепта веднаш до Св климент како достоен продолжувач на неговото дело. Култот на Свет Константин Кавасила се проширил и до Света Гора атонска каде во манастирот Дохијар е сочувана на него посветена богослужба.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top