Можност за полесно донесување одлука

Можност матурантите да се одлучат која професија најмногу им одговара и да ги спознаат своите вештини и афинитети.

 |  Крсте Голабовски  | 
MOKU
МОКУ

predavanjeЗапочнува спроведувањето на Проектот за професионално насочување на матурантите, М.О.К.У.

Одлучи сам? Што ќе бидеш? Каде сега? Ова е слоганот на проектот за професионално насочување на матурантите, М.О.К.У – Матрица на очекувана кариерна успешност. Проектот, за прв пат годинава се спроведува во организација на Министерството за образование и наука на РМ и Центарот за образование на возрасните, заедно со Високата школа за новинарство и односи со јавноста како и Бизнис академијата Смилевски. Во рамките на проектот матурантите ќе се тестираат за тоа која професија најмногу им одговара, во која професија би постигнале најголем успех и би се реализирале. Тоа ќе го постигнат со поплнување на два прашалници со кои се мерат афинитетите и вештините кои матурантите ги поседуваат. Дејан Андонов, од Високата школа за новинарство и односи со јавноста изјави дека,

„Врз основа на резултатите се изработи табела за секој матурант со професиите кои за него се најпрепорачливи и оние кои се најнепрепорачливи.“

Андонов смета дека на крај се добива сумарен резултат, а самото тестирање е бесплатно. Само за информација пред три години е изработен пилот проект врз 3.300 испитаници матуранти, кој се покажа како успешен, бидејќи со него било утврдено дека матурантите го направиле вистинскиот избор. МОКУ тестирањето ќе овозможи средношколците да се запишуваат на студиски прграми кои може со успех да ги завршат и да изберат која од 168-те професии во земјава сакаат да ја работат, додека високообразовните институции нема да ги загубат студентите кои се природно профилирани за областа за која нудат образование. Мора да се напомене и улогата на психолозите и педагозите кои ќе се обучуваат за спроведување на ова тестирање.

МОКУ тестирањето долгорочно гледано ќе понуди сеопфатна и научна издржана анализа за тоа какви студиски програми треба да се развиваат во државата и какви профили на кадри може да се понудат на индустријата и јавната администрација.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top