Може да здивнеме, мали сипаници во Охрид нема!

Иако неколку градови низ земјава се соочуваат со епидемија од морбили, Охрид најбезбеден. Степенот на вакцинираност во овој регион надминува 95 %-велат од Центарот за јавно здравје. Можноста за појава на ваква епидемија сведена на минимум.

 |  Мишел Наумоски  | 
CJZ
ЦЈЗ

Atanasko mihailovИако неколку градови низ земјава од кои најзагрозен е Скопје, се соочуваат со епидемија од мали сипаници,  во нашиот град нема простор за паника. Можноста за појавување е најголема во средините со побројно население и места каде што има мал број на вакцинирани. Во последниве неколку месеци во главниот град заедно со Куманово и Струмица биле регистрирани околу 522 случаи на морбили

„Во Охрид досега нема ниту еден пријавен случај на ситните сипаници или морбили, што за среќа претставува еден факт за задоволство затоа што Охрид и делот кој што го покрива Центарот за јавно здравје, степенот на вакцинираност на населението надминува 95 %, што значи можноста е сведена на минимум.“ рече Д-р Атанаско Михаилов-Директор на Центар за јавно здравје

Во градови каде има пријавено еден лабораториски потврден случај на морбили или два епидемиолошки поврзани случаи на морбили веднаш да се почне со вакцинација на деца од шестмесечна возраст па се до луѓе на 40-годишна возраст-советуваат од Комисијата за заразни болести. Вакви акции во нашиот град веќе биле направени.

„Службата за вакцинација при здравствениот дом и епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје се во постојана комуникација. Ние имавме една координирана акција во претходните години и токму заради тоа, степенот на вакцинирани жители во регионот што го покриваме ние, е многу висок. Затоа што се презеде акција и средините кој што се со понизок социјален статус обично не се вакцинираа. Сега тоа е веќе направено.“-додава Д-р Михаилов.

Јавноста од овој регион еднаш веќе беше алармирана за можна појава на мали сипаници. Како што тогаш ТВМ информираше, на огласната табла во општата болница во Струга стоеше соопштение со кое се забрануваше посета на едно од одделенијата поради опасност од морбили. Во таа прилика, директорот на оваа установа Д-р Ментор Ибраими беше дециден дека морбили во Струга нема. Ваквата одлука според Д-р Михаилов била целосно оправдана. „Преземањето на превентивни мерки е составен дел од работата на Јавните здравствени установи. За да не се случи во рамките на здравствените установи да дојде до пренесување на тие инфекции, се преземаат мерки со кој се забранува пристапот на луѓе кои немаат потреба да бидат во тие одделенија.“-вели Д-р Михаилов.

Тој додаде дека доколку се појави случај со мали сипаници, ќе се преземат сите мерки во рамките на епидемиолошката служба за да се спречи нивното ширење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top